Македонија
Невреме во Прилеп, Долнени и Кривогаштани, поплави во повеќе населени места
22.08.2022 21:05
Најкритично е во село Лажани каде поголем дел од селото е под вода. Водата има навлезено во куќите, соопшти ЦУК.

Попладнево општина Прилеп, Долнени и Кривогаштани беа зафатени од поројни дождови кои предизвикаа поплавување на повеќе населени места од општина Долнени. Поплавување има во селата Лажани, Дебреште и Житоше.
Најкритично е во село Лажани каде поголем дел од селото е под вода. Водата има навлезено во куќите, соопшти ЦУК.
За состојбата со поплавите запознаен е и градоначалникот на општина Долнени, ДЗС Прилеп и ПС Ропотово. До овој момент единиците на локалната самоуправа немаат побарано помош од ЦУК, се наведува во информацијата од Центарот за управување со кризи.
