Обвинителството ја испитува одговорноста за стечајот на „Еуростандард банка“
Јавното обвинителство денеска излезе со реакција за прес-конференцијата за стечајот на „Еуростандард банка“, на која како што велат оттаму, присуствувало и осомничено лице за случајот...

Јавното обвинителство денеска излезе со реакција за прес-конференцијата за стечајот на „Еуростандард банка“, на која како што велат оттаму, присуствувало и осомничено лице за случајот.
Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција ја испитува одговорноста за стечајот, при што е донесена наредба за спроведување истрага против четири одговорни лица од Еуростандард, за кои постои основано сомнение дека сториле кривично дело предизвикување стечај на банка и перење пари.
„Осомничените, како лица со посебни права и одговорности во Еуростандард банка ги повредиле одредбите од законот за банки, како и методологијата за адекватност на капиталот. Како резултат на нивното несоодветно работење, органите на банката целосно затаиле во извршување на основните функции и банката ја довеле во состојба на несолвентност“, велат од Обвинителството. Истрагата е сè уште во тек. Во делот за работењето на фирмата Кубус,
Обвинители утврдиле дека пријавените не сториле кривично дело.
