Русија бара состанок на Советот за безбедност
Рускиот заменик постојан претставник во ОН, Дмитриј Пољански побара итен состанок на Советот за безбедност...

Пред новиот пакет санкции против Русија кој доаѓа по забелешките на американскиот претседател Џо Бајден и лидерите на Велика Британија, Франција и Германија кои побараа Русија да ги прекине воените операции во близина на нуклеарната централа Запорожје, рускиот заменик постојан претставник во ОН, Дмитриј Пољански побара итен состанок на Советот за безбедност.
Според него, средбата е планирана за денеска во 21 часот. Украинскиот претседател Зеленски се заблагодари на западните лидери кој се подготвуваат за нови санкции против Русија Гутереш вчера предупреди дека нуклеарниот ризик во моментов е на највисоката точка во последните децении.
Во меѓувреме, САД предупреди дека имаат разузнавачки информации дека Русија наскоро планира нови напади врз украинската цивилна инфраструктура и владини објекти.
