Канада
Шолц ќе бара енергетски решенија
23.08.2022 09:53
Германскиот канцелар Олаф Шолц и неговиот заменик, министерот за економски прашања и климатски активности Роберт Хабек, ја почнаа тридневната посета на Канада...

Германскиот канцелар Олаф Шолц и неговиот заменик, министерот за економски прашања и климатски активности Роберт Хабек, ја почнаа тридневната посета на Канада, во обид да договорат краткорочни енергетски решенија базирани на гас и да истражат подолгорочни, почисти опции, како што е зелениот водород.
На заедничката прес-конференција во Монтреал, канадскиот премиер Џастин Трудо го поздрави својот германски колега како „исклучително важен прогресивен глас“ и изрази оптимизам за заемно корисни деловни инвестиции и соработка во одбраната на Украина од руската агресија.
