По две години целосно се урнаа силосите во Бејрут
Остатоците од северниот блок на силосите на бејрутското пристаниште кое гореше речиси цел месец, изутрината се урнаа во облак од прашина...

Остатоците од северниот блок на силосите на бејрутското пристаниште кое гореше речиси цел месец, изутрината се урнаа во облак од прашина.
Пред две години високите силоси го заштитија западниот дел на Бејрут од експлозијата во која загинаа над 200 луѓе, а беа повредени повеќе од 6.000 и тешко оштетени цели населби.
Северниот блок оттогаш полека се рушеше. Минатиот април, либанската влада одлучи да ги урне силосите, но ја суспендираше одлуката по протестите на семејствата на жртвите и преживеаните од експлозијата. Тие тврдат дека силосите може да содржат докази корисни за судската истрага и дека треба да стојат како спомен за трагичниот инцидент.
