Од утре и прилепчани ќе се возат со градски автобуси
За почеток ќе се сообраќа на три линии, а подоцна опфатеноста ќе се зголемува. За велигденските празници граѓаните ќе се возат бесплатно

Прилеп конечно ќе добие градски превоз. Овој капитален проект за градот стартува од овој петок. Низ градот ќе сообраќаат 3 линии, со 6 автобуси. Картата за едно возење ќе биде 20 денари, дневен билет ќе чини 50 денари, неделен 250, месечен 600 и годишен 6.000 денари. Автобусите ќе собраќаат од 6.30 часот наутро, а линии потоа ќе има на секои половина час.
„Граѓаните ќе добијат рекламни фалери за трасата на движење на автобусите, како фунционира градскиот превоз и за начинот на наплаќање. Ќе се потрудиме овие реклами флаери да стигнат буквално до секое домаќинство во Прилеп“, рече Бранко Нешкоски, директор на ЈП за ПУП.
Во фаза на набавка биле уште 5 автобуси кои треба да се воведат за уште 2 нови линилии, кои засега поради реконструкцијата на канализационата мрежа во градот неможат да се воспостават.
„Гратис за сите наши сограѓани за Велигденските празници овој викенд, значи петок, сабота и недела, возењето со градскиот превоз ќе биде бесплатно на сите релации, и во недела и до градските гробишта, каде за Велигден традиционално одат голем број прилепчани, истакна Марјан Ристески, градоначалник на Прилеп.
За лицата со посебни потреби возењето со градскиот сообраќај ќе биде бесплатен. За учениците и студентите месечен билет ќе биде 350 денари, а во иднина оваа поволност ќе се воведе и за пензионерите. За една година се планира со градски превоз да се покрие целата територија на Општината заедно со селата.
Дарко Штаргоски
