Енергетска криза

Арсовска: Од први септември штедење на струја

23.08.2022 13:40

Претставен планот за штедење на град Скопје. Поради енергетската криза од први септември во престолнината ќе бидат исклучени сите непотребни потрошувачи на струја...

Од 1-ви септември, делови од престолнината ќе потонат во мрак. Поради енергетската криза градот Скопје претстави план за енергетско штедење со исклучување на сите непотребни потрошувачи на струја како на пример светлечки реклами и просториите во комуналните претпријатија. Градоначалничката ветува дека улиците под надлежност на градот нема да бидат неосветлени, но не може да гарантира за оние во скопските општини, оти за нив биле надлежни тамошните градоначалници.

Арсовска очекува помош од владата за справување со енергетската криза зимава. Разговарале со Министерството за животна средина да се избегне зголеменото загадување на Скопје поради се поголем број на граѓани што се греат со огревно дрво.

Ирина Гелевска