Нема субвенции

Овчарите најавија протести

23.08.2022 14:29

Субвенциите за овчарството за 2021 година, уште не ги добиле овчарите. Тие реагираат што морале летово да купуваат жито-храна за овците со задолжување. Најавија протест...

Незадоволни се и одгледувачите на овци. Ги чекаат субвенциите за 2021 година и најавија дека ќе протестираат, бидејќи сите рокови за нивна исплата, биле поминати. Велат дека им било ветено субвенциите да го добијат до крајот на март, но ништо од ветувањето, а законскиот рок бил крајот на јуни.

Овчарите се жалат дека не ги добиле парите за лани а годинашното жито е веќе ожнеано. Овој период требало да се купат храна за овците, па морале да се снаоѓаат за да обезбедат средства, за набавка на жито.

Според Јанков, годишно бројката на грло овци се намалува за 100 – 150 илјади, поради негрижата на државата за оваа гранка на сточарството. Ако во Македонија пред 30 години се одгледувале 2-3 милиони денес има околу 400.000 грла овци.

Петар Печков