Одбележување

21 година од формирањето на ЕБР

23.08.2022 15:13

Одбележан денот на Единицата за брзо распоредување. Функционира повеќе од две децении и е вклучена во извршување на сложени и ризични безбедносни задачи за заштита на граѓаните. Најавена модернизација во опрема, примена на нови системи за работа, подобрени услови за функционирање и развој на единицата...

Од формирањето до денес бевме вклучени во многу сложени и ризични задачи кои ни помогнаа да се зацврстиме и изградиме во фактор за стабилност. Порака на командантот на Единицата за брзо распоредување Столески. Во периодот што следува, имаме планови за развој и модернизација, истакна командантот. Посебна почит беше искажана кон загинатите припадници на единицата и нивните семејства.

На достигнувањата на ЕБР сме особено горди со години, оцени министерот Спасовски. Според професионалноста, посветеноста, пожртвуваноста, знаењата и вештините, единицата е на рамниште со истородните полициски формации во Европа и во светот.

На свеченоста беа доделени и плакети на поединци за исклучителен придонес и постигнати резултати. Беше положено и цвеќе на спомен плочата на загинатите припадници на единицата. Македонски граѓани бидете спокојни и мирни-секогаш ќе бидеме тука за вас, беше порачано на свеченоста.

 

Марија Котовска