Депопулација на свињите во Облешево
Уништувањето на свињите за да не се шири африканската чума ќе го уништи сточарството во регионот, сметаат одгледувачите во Облешево. Неизвесна е есенската сеидба на житарки за сточна исхрана и се плашат дека начинот на кој се спроведува постапката за депопулација на свињите, ќе придонесе за ширење на болеста...

Нема нови жаришта на африканска чума и во тек е превентивната мерка за депопулација на свињите во радиус од три километри од местото каде болеста е потврдена. Деновиве се уништуваат свињите во Облешево, последното жариште на африканската чума.
Најголем дел од жителите на Облешево кои свињи чуваат за сопствени потреби, веќе ги заклаа, но неизвесна е иднината на сточарите со повеќе стока.
До сега се уништени повеќе од 1.300 свињи во радиус од три километри од заболена стока. За нив сточарите ќе добијат обесштетување по пазарна цена за килограм жива мера, што во моментот изнесува 130 денари. Свињите во радиус од десет километри од жариштата ќе се носат во кланица на термичка обработка.
Славица Величковска
