Ескобар и Лајчак во Приштина и Белград
Специјалниот американски пратеник за Западен Балкан денеска Ескобар и специјалниот претставник на ЕУ за дијалогот Лајчак во посета на Приштина. Потоа заминуваат во Белград на средба и со српскиот државен врв...

По фијаското во Брисел, ЕУ и САД во нов посреднички обид за решавање на спорот меѓу Србија и Косово. Специјалниот американски пратеник за Западен Балкан денеска Ескобар и специјалниот претставник на ЕУ за дијалогот Лајчак во посета на Приштина. Потоа заминуваат во Белград на средба и со српскиот државен врв. И ЕУ и НАТО инсистираат на конструктивен дијалог, но потенцираа дека КФОР е на готовс да интервенира доколку биде потребно.
„КФОР е овде, очекувам да го штитат народот. Особено Србите на Косово. КФОР не е овде поради независно Косово, туку поради потребата да ја штитат резолуцијата 12-44 на ОН.“
„На улица не се чувствувам безбедно, а не треба да е така. И во минатото не се чувствуваме безбедно поради упадите на косовската полиција.“
Претседателот Вучиќ на средбата со американскиот амбасадор во Белград Кристофер Хил порача: „Продолжуваме да ги вложуваме сите напори за изнаоѓање компромис“, изјави шефот на српската држава. За Белград, приоритет е формирањето на Заедницата на српски општини. Минатонеделната бриселска средба на Вучиќ и Курти заврши без договор. Беше иницирана поради тензиите коишто неодамна се зголемија по одлуката на Приштина за менување на српските регистарски таблички и документи. Косово мерката ја одложи до први септември.
Маја С. Филдишев
