Македонија

Горан Иванов в.д. директор на Управата за финансиска полиција

23.08.2022 17:04

Иванов доаѓа на местото на досегашниот директор Арафат Муареми кој даде оставка по меѓусебните обвинувања и преписки со обвинителката Вилма Рускоска...

Горан Иванов е именуван за в.д. директор на Управата за финансиска полиција. Тој на должноста е именуван на денешната владина седница, пренесува МИА.

Иванов доаѓа на местото на досегашниот директор Арафат Муареми кој даде оставка по меѓусебните обвинувања и преписки со обвинителката Вилма Рускоска која во моментот е суспендирана од функцијата шефица на Јавното обвинителство за организирал криминал и корупција, а за нејзината жалба утре ќе одлучува Советот на јавни обвинители.