Посета на француски ученици во кумановската гимназијата
Продолжува соработката меѓу билингвалната паралелка од кумановската гимназија со збратименото училиште од градот Дулен во Франција. За време на посетата на Куманово беа реализирани повеќе тематски работилници, а гостите од Франција се запознаа и со македонската култура и животот во земјата...

Кумановските гимназијалци заедно со гостите од Француското училиште Вал де Оти од градот Дулен рамките на еднонеделната посета резлизира заеднички работилници , квиз на знаења по повод одбележување на 100 години од Првата Светска војна како и театарска претства на француски јазик .Учениците од Франција воедно ги посетија Скопје, Битола и Охрид и се задоволни од престојот во Македонија
„Начинот на живот и култура е различен од францускиот. Прв пат сум во Македонија и ќе понесам убави импресиси од убавините на земјата, од вашата прекрасна храна, но и од љубезноста и отвореноста на народот“, вели Шарлот Ентје, ученичка во Вал Де Оти – Дулен Фрнција.
Соработката помеѓу двете училишта се реализира повеќе од три години , а овој пат во посета на Куманово беа тројца наставници и група од 20 тина ученици.
„Овојпат имавме можност и да направиме споредба помеѓу македонскиот и францускиот здравствен систем при што посетивме една здравствена ординација и разговаравме со специјалист уролог од кој дознавме многу работи“, изјави Сандрин Дина, професорка во училиштето Вал Де Оти од Дулен Франција.
Проектот има голема придобивка макеоднските ученици кои имаат можност одблизу да се запознаат со францускиот јазик, традицја и култура.
„Преку меѓусебните посети, учениците дознаваат повеќе за француската култура, менталитетот, нивните празници, знаменитости и истоија“, вели координаторот на билингвалните паралелки од гимназијата „Гоце Делчев“, Лидија Тасевска.
Билингвалната паралелка во Гимназијата функционира 14 години при што секоја година се запишува по една паралелка од 25 ученици. Двојазична настава ја следат вкупно 85 ученици од прва до четврта година. Следната средба помеѓу збратимените училишта ќе биде во октомври кога група кумановски ученици заедно со професорите од билингвалната паралека ќе го посетат Дулен.
Габриела Димковиќ
