Османи бара во најкраток рок да се закаже седница за идните амбасадори
Незакажувањето на седницата на собраниската Комисија за надворешни работи претставува флагрантна, дрска злоупотреба и на Деловникот за работа на комисијата и воопшто на учеството на Собранието како посебно тело во надворешната политика – коментира министерот Османи преку социјалните мрежи.

Министерот Бујар Османи со ургенција до претседателот на собраниската Комисија за надворешни работи да закаже што поскоро седница за претставување на програмите на идните амбасадори.
Незакажувањето на седницата на собраниската Комисија за надворешни работи претставува флагрантна, дрска злоупотреба и на Деловникот за работа на комисијата и воопшто на учеството на Собранието како посебно тело во надворешната политика – коментира министерот Османи преку социјалните мрежи.
Неможноста амбасадорите да се претстават пред пратениците и граѓаните претставува длабок политички хендикеп за надворешната политика и за остварувањето на стратешките цели на земјава, смета Османи.
