Македонија
Владата го разреши државниот правобранител Фехми Стафа
23.08.2022 17:26
Стафа денеска до Владата поднел неотповиклива оставка од лични причини, информираа попладнево од Државното правобранителство.

Државниот правобранител Фехми Стафа е разрешен на денешната владина седница.
Стафа денеска до Владата поднел неотповиклива оставка од лични причини, информираа попладнево од Државното правобранителство.
„Јас, државен правобранител на РСМ, Фехми Стафа поднесувам неотповиклива оставка од лични причини. Барам да се прифати мојата оставка на наредната владина седница“, стои во оставката од Стафа.
Стафа беше именуван за државен правобранител во 2018-та година од страна на Владата.
