Македонија

МВР: Приведен крадец, пронајдено одземено возило

23.08.2022 18:37

Веднаш по добиената пријава, преземени се соодветни активности и возилото е пронајдено во близина на место викано Мраморица, а сторителот е приведен...

Денеска полициски службеници од СВР Битола-Полициско оделение за безбедност во сообраќај Демир Хисар околу 17.30 часот го лишиле од слобода Ш.Р. (30) од Ресен по претходна пријава во 16,55 часот од Ј. Н. од Демир Хисар дека му било одземено  неговото патничко моторно возило "сузуки", кое било паркирано на ул.Партизанска во Демир Хисар.

Веднаш по добиената пријава, преземени се соодветни активности и возилото е пронајдено во близина на место викано Мраморица, а сторителот е приведен. По документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава, соопштуваат од МВР.