Влада

Наскоро јавни повици за вршители на енергетска дејност, дистрибуција и снабдување со топлинска енергија

23.08.2022 19:17

На денешната седница, Владата ја разгледа и усвои содржината на јавните повици и тендерската документација за спроведување на постапката за избор на вршител на енергетска дејност регулирано производство на топлинска енергија...

На денешната седница, Владата ја разгледа и усвои содржината на јавните повици и тендерската документација за спроведување на постапката за избор на вршител на енергетска дејност регулирано производство на топлинска енергија, на постапката за избор на вршител на енергетска дејност дистрибуција на топлинска енергија, како и за спроведување на постапката за избор на вршител на енергетска дејност снабдување со топлинска енергија.

Јавните повици во наредните денови, ќе бидат објавени на веб-страната на Владата на Република Северна Македонија, информираат од владината прес- служба.