Влада

Предвремена исплата на пензиите од 30-ти август

23.08.2022 19:34

Владата на денешната седница им препорача на банките преку филијалите и експозитурите на банките да обезбедат готовинска исплата на пензиите за пензионерите кои не користат картички, во четири групи почнувајќи од вторник, 30-ти август.

Од 30-ти август ќе почне исплатата на августовските пензии. Исплатата ќе се врши во четири групи до 2-ри септември.

Владата на денешната седница им препорача на банките преку филијалите и експозитурите на банките да обезбедат готовинска исплата на пензиите за пензионерите кои не користат картички, во четири групи почнувајќи од вторник, 30-ти август.

Пензиите до 11 илјади денари ќе се исплаќаат на 30-ти август, пензиите до 14 илјади денари на 31-ви август, пензиите до 18 илјади денари на 1-ви септември, а исплатата на пензиите над 18 илјади денари ќе се врши на 2-ри септември.