Македонија
Регистриран земјотрес во реонот на Пехчево
24.08.2022 09:14
Земјотрес со локална магнитуда од 2,9 степени по Рихтер е регистриран утрово во 7 часот и 34 минути на 115 километри источно од Скопје, кој потекнува од епицентралното подрачје Пехчево...

Земјотрес со локална магнитуда од 2,9 степени по Рихтер е регистриран утрово во 7 часот и 34 минути на 115 километри источно од Скопје, кој потекнува од епицентралното подрачје Пехчево, соопшти Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет.
Според податоците на опсерваторијата, интензитетот на земјотресот е III степени според Европската макросеизмичка скала.
