Украина

Зеленски: Ќе го вратиме Крим

24.08.2022 09:49

Зеленски вети дека Украина ќе го врати Крим, кој е анектиран од Русија. На иста линија и Ердоган-островот и припаѓа на Украина. Земјата прославува годишнина од независноста. 6 месеци од почетокот на руската агресија. На боиштата не запираат борбените дејствија...

Украинскиот претседател Зеленски вети дека Украина ќе го врати анектираниот полуостров Крим од Русија. Нагласи дека Киев нема да се консултира со други земји пред да го стори тоа.

За време на кримската платформа, годишен форум организиран од Киев го честиташе Денот на независноста.

„Денес го славиме денот на нашето знаме и тоа се случува во време кога се бориме против најстрашната закана за нашата државност и во исто време кога го постигнавме најголемото национално единство. Затоа издржавме. Нашето национално знаме стана глобален симбол на храброста. Симбол на сите кои го ценат слободниот живот“, изјави украинскиот претседател Володимир Зеленски.

Зеленски рече дека владеењето на Москва донело еколошка штета, пад, социјална репресија и милитаризам на Крим и во регионот на црното море.

Турскиот претседател Ердоган рече дека Анкара го поддржува територијалниот интегритет на Украина и ја отфрла илегалната анексија на Крим.

Денот на независноста се поклопува со шест месечнината од почетокот руската инвазија на Украина на 24-ти февруари. Илјадници луѓе беа убиени, а милиони беа раселени ширум светот.

„Луѓето беа сведоци на нашата солидарност. Во мојот ум сè се смени. Моите вредности во животот. Сега разбирам што може да изгубиме“, рече Руслан Хусеинов, украински полицаец.

Рускиот напад врз Украина и санкциите воведени на Русија како резултат на тоа доведоа до големо зголемување на цените на вештачките ѓубрива, пченицата, металите и енергијата, што доведе до прехранбена криза и инфлаторен бран што ја тресе светската економија.

Марина Ристова