Совет на јавни обвинители

Потврдена суспензијата на Вилма Русковска

24.08.2022 12:34

На затворена седница за јавноста, Советот на јавни обвинители ја одби жалбата на обвинителката Вилма Русковска за нејзината суспензија. Ова значи дека се потврдува решението на републичкиот јавен обвинител Јовески...

На затворена седница за јавноста, Советот на јавни обвинители ја одби жалбата на обвинителката Вилма Русковска за нејзината суспензија. Ова значи дека се потврдува решението на републичкиот јавен обвинител Јовески.

Првиот човек на Советот Антонио Јолевски изјави дека обвинителката Русковска би требало да биде оддалечена од работа, за да не влијае на текот на постапката на предметот за финансиската полиција, а од друга страна да биде утврдена фактичката состојба со конкретниот предмет.

Во жалбата Русковска ги отфрли наводите на Јовески, оценувајќи ја нејзината суспензија како суспензија на правото и правната држава.