Од 2 мај директен лет Скопје- Рим

17.04.2014 11:01

Летовите ќе бидат секојдневни. Во мај ќе се работи со редуциран распоред со 30 повратни летови Рим – Скопје - Рим, а од јуни целосен распоред со секојдневно летање...

Од 2 мај, нова директна лини на релација Скопје и Рим воведува авиокомпанијата Алиталиа. Летовите ќе бидат секојдневни. Во мај ќе се работи со редуциран распоред со 30 повратни летови Рим – Скопје - Рим, а од јуни целосен распоред со секојдневно летање.
 
Од 1 јуни од Скопје авионите на Алиталиа ќе полетуваат во 05:30 часот со пристигање на Фјумичино, Рим, во 07:20 часот (во понеделник, вторник, петок и сабота), како и во 17:05 со пристигање во Рим во 18:55 (во вторник, среда и сабота).
 
Летовите од Рим ќе бидат во 21:30 часот со пристигање во Скопје во 23:20 часот (во понеделник, четврток, петок и недела) и во 14:35 часот со пристигање во Скопје во 16:25 часот (во вторник, среда и сабота).
 
Алиталиа го назначи ВАС Тур Оператор ДОО Скопје, како генерален агент за територијата на Македонија, кој ќе нуди информации, резервации и авиобилети.