Франција

Патници со часови останале заробени во тунелот под Ла Манш

24.08.2022 13:06

Десетици луѓе вчеравечер со часови останаа заглавени во тунелот под Ла Манш откако воз од Кале до Фолкстоун се расипал...

Десетици луѓе вчеравечер со часови останаа заглавени во тунелот под Ла Манш откако воз од Кале до Фолкстоун се расипал. Патниците се евакуирале преку тунел за итни ситуации.

Портпаролот на Евротунелот изјави дека ваквите инциденти се невообичаени, но не и исклучени. Со 37,9 километри, ова е најдолгиот подводен тунел во светот.