Ирак
Демонстрации во Багдад
24.08.2022 13:06
Следбениците на ирачкиот свештеник Муктада ал-Садр организираа демонстрации пред Врховниот судски совет во Багдад, бараат распуштање на парламентот...

Следбениците на ирачкиот свештеник Муктада ал-Садр организираа демонстрации пред Врховниот судски совет во Багдад, бараат распуштање на парламентот.
Демонстрантите кампуваа пред седиштето на ирачкото правосудство. Ал Садр, шиитски свештеник кој се позиционира против САД и Иран, беше прв на изборите, но ги повлече сите свои пратеници откако не успеа да формира влада.
