Нови 381 случаи на Ковид-19, починаа шест лица
Согласно податоците од Институтот за јавно здравје, Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа...

Согласно податоците од Институтот за јавно здравје, Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа:
Направени се 1.131 тестови, а регистриран е 381 нов случај на Ковид-19: Скопје – 173, Битола – 36, Прилеп – 24, Кавадарци – 16, Куманово и Гевгелија – по 15, Кочани – 10, Велес и Охрид – по 9, Струмица – 8, Гостивар и Штип – по 7, Радовиш и Делчево – 6, Кичево, Неготино и Берово – по 5, Тетово и Валандово – по 4, Свети Николе – 3, Ресен, Крива Паланка, Дебар, Крушево и Демир Капија – по 2, Струга, Виница, Македонска Каменица и Пехчево – по 1.
Од вкупниот број на позитивни (381), регистрирани се 80 реинфекции.
Регистрирани се 775 оздравени пациенти од: Скопје – 229, Битола – 72, Прилеп – 66, Делчево – 42, Куманово и Тетово – по 30, Велес и Струмица – по 29, Радовиш – 26, Кавадарци – 23, Гостивар – 21, Штип – 20, Крушево – 17, Охрид – 16, Кочани и Неготино – по 15, Кичево – 14, Крива Паланка – 13, Гевгелија – 10, Богданци – 8, Берово, Валандово, Струга и Виница – по 7, Ресен, Пехчево и Демир Хисар – по 5, Дебар и Македонски Брод – по 2, Свети Николе, Македонска Каменица и Пробиштип – по 1.
Во текот на изминатите 24 часа пријавени се 2 починати лица од Скопје (58г) и Охрид (67г). Лицата се починати во болнички услови. Согласно, Регистарот на умрени лица со дијагноза Ковид-19 од Мој Термин регистрирани се 4 починати лица, од Скопје (62г), Кочани (73г), Свети Николе (86г) и Ресен (64г). Две лица се починати во болнички услови и две лица се починати во домашни услови. Починати се во период од 18.08. до 21.08.2022 година.
Досега во земјата се направени вкупно 2.145.675 тестирања на Ковид-19. Вкупната бројка на Ковид-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 338.929, бројот на оздравени пациенти е 326.990, на починати е 9.461, а бројот на активни случаи изнесува 2.478.
