Дијаметрално спротивставени ставови
„ВМРО- ДПМНЕ со блокадите води деструктивна политика спротивно на процесот на евроинтеграција за што е неопходна одговорност“ велат социјалдемократите. Опозицијата возвраќа – одговорност треба да се бара од функционерите на СДСМ, најсвеж пример е директорката Бухова која дозволи незаконско работење на приватна очна болница во Скопје...

СДСМ со одговорни политики посветено работи на реализација на стратешките цели на државата. Процесот на евроинтеграција носи конкретни придобивки и за граѓаните, унапредување на инфраструктурата, развој на економијата, раст на стандардот, велат социјалдемократите.
ВМРО-ДПМНЕ бара одговорност на функционерите на СДСМ. Опозицијата директно одново ја обвинува Бухова, директорката на Државниот здравствен и санитарен инспекторат дека не го спречила незаконското работење на приватна очна болница во центарот на Скопје.
Опозицијата тврди дека СДСМ во здравствениот систем создала кошмар. Одговорност мора да има за секој којшто се огрешил пред законот. Според власта одобрените средства од Европската унија се потврда за политиката на евроинтеграциите. Велат, поразена е деструктивната политика на блокади на опозицијата за што укажуваат резултатите од делумните локални избори.
Игор Панов
