Расчистени седум кривични дела „тешка кражба“ во Кисела Вода, сторителот приведен
Е.С.(27) од Скопје, беше лишен од слобода на 23.08.2022 по извршување на последното дело, при што кај него беа пронајдени одземените предмети и туби со нафта, кои беа вратени на сопственикот...

Одделението за криминалистички работи Кисела Вода расчисти седум кривични дела „тешка кражба“ извршени во периодот од 10.06.2022 до 23.08.2022 година во фирма на бул.„Борис Трајковски“ во Скопје.
Како што соопшти МВР, сторителот Е.С.(27) од Скопје, беше лишен од слобода на 23.08.2022 по извршување на последното дело, при што кај него беа пронајдени одземените предмети и туби со нафта, кои беа вратени на сопственикот.
Е.С. беше спроведен во полициска станица и во службен разговор ги признал делата. По целосно документирање на случајот, во координација со Јавен обвинител, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
