Сцена

ОД НЕБО ДО ДНО- Каролина со нова долгоочекувана поп песна!

24.08.2022 17:43

Каролина Гочева вчера го претстави синглот „Од небо до дно“, нејзината прва поп песна после 12 годишна пауза...

Како што најави на нејзиниот голем концерт на отворено во јули, дека следи нешто ново и возбудливо, Каролина Гочева вчера го претстави синглот „Од небо до дно“, нејзината прва поп песна после 12 годишна пауза.

Музиката е на Каролина Гочева, аранжманот на песната е на Роберт Билбилов, а текстот на Владимир Даниловиќ и Весна Малинова.

Снимањето, микс и мастеринг се одвиваше во „JUST RB PRODUCTION“, додека видео спотот е режиран и реализиран од „Пирка“.

Зад целиот проект, како извршен продуцент стои Авалон Продукција.