Македонија

Бектеши: Најдовме решение за проблемот со струјата во Арачиново

24.08.2022 18:47

Министерот за економија Крешник Бектеши објави дека е најдено привремено решение за снабдување со струја на Арачиново откако жители на селото излегоа на протест...

Министерот за економија Крешник Бектеши објави дека е најдено привремено решение за снабдување со струја на Арачиново откако жители на селото излегоа на протест. Вели дека се надева оти ќе стане долгорочно ако се почитува договорот и законите во државата.

Арачиновци ја обвинија ЕВН за неажурност во решавање на проблемот, а од компанијата одговорија дека не е безбедно да испратат екипи на терен бидејќи трпат вербални и физички напади на локалното население и додаваат дека годишно губат по шест милиона евра поради нелегалните приклучувања во Арачиново.