Култура

„Панта реи“- изложба на скулптури од Марјан Стојаноски во Софија

24.08.2022 16:39

Уметникот Марјан Стојаноски за прв пат се претставува пред Бугарската јавност а изложбата содржи ротирачки скулптури изработени од метал и дрво – материјали кои се негова дамнешна уметничка преокупација.

Од денес до 31-ви август во галеријата на Културно информативниот центар на Република Северна Македонија во Софија ќе биде поставена изложба на академскиот скулптор од Прилеп Марјан Стојаноски со наслов „Панта Реи“.

Уметникот Марјан Стојаноски за прв пат се претставува пред Бугарската јавност а изложбата содржи ротирачки скулптури изработени од метал и дрво – материјали кои се негова дамнешна уметничка преокупација.

Марјан Стојаноски е роден во Прилеп 1983 година, но своето образование го заокружува во Скопје во уметничкото училиште „Лазар Личеноски“ и на Факултетот за ликовни уметности во Скопје во класата на професорот Ибрахим Беди.

Член е на ДЛУМ и на ДЛУП. Два пати досега бил претседател на Друштвото на ликовните уметници од Прилеп. Добитник е награда за скулптура „Јордан Грабул“ во 2015 година а два пати досега е во улога на претседател на ДЛУП. Во 2015 година ја добива наградата за скулптура „Јордан Грабул“. Зад него стојат повеќе реализирани проекти како скулптурата „Мир“ во чест на Тоше Проески, скулптурата „Еко (велоспедист), поставени во центарот на Прилеп но и реализација на статуетка за награда од публика за МТФ „Војдан Чернодрински“.

Изложбата ќе се отвори денес во 18.30 часот.