Поројни дождови во Кавадарци, пријавени три поплавени објекти
Синоќа Кавадарци повторно беше зафатен со силен дожд од околу 40 литри на квадратен метар, а планинскиот дел на општината и со град...

Синоќа Кавадарци повторно беше зафатен со силен дожд од околу 40 литри на квадратен метар, а планинскиот дел на општината и со град.
Пријавени биле 3 поплавени објекти, а интервенирале од комуналното претпријатие и противпожарната единица со 30 луѓе. Кавадарци и Неготино пред неколку дена беа зафатени од силно невреме.
Во Кавадарци имаше поплавени подрумски простории, а во Неготино на неколку куќи беа оштетени крововите, имаше паднати дрвја, а блокиран беше и патот Дуброво-Војшанци. Поради невремето, синоќа Тетово и околината остана без струја. По интервенцијата на екипите на ЕВН, за кратко дефектот беше саниран.
