Владата се очекува да прогласи кризна состојба во енергетиката
Според најавите на надлежните, нема да има рестрикции на струја во зимскиот период, доколку сè се одвива според планираното. Од 1-ви септември стапуваат во сила и мерките за штедење на струја што ги донесе Владата, а кои ќе важат до 31 март следната година...

Денеска се очекува Владата да прогласи кризна состојба во енергетиката, која ќе важи од 1-ви септември. Според најавите на надлежните, нема да има рестрикции на струја во зимскиот период, доколку сè се одвива според планираното. Од 1-ви септември стапуваат во сила и мерките за штедење на струја што ги донесе Владата, а кои ќе важат до 31 март следната година.
Министерот за економија, Бектеши неодамна рече дека не очекува да има рестрикции ако се оди според планот на ЕСМ и ако не се случи некоја хаварија. Се разговара и со министерствата за енергетика на Србија и Бугарија за да нема запирање на прекуграничните капацитети и проблеми со снабдувањето. Директорот на ЕСМ Ковачевски, пак, најавува од нова година ново поскапување на струјата.
Вели-не очекува тешка зима. последното зголемување од 7,14 насто беше на први јули.
