Лајчак и Ескобар во посета на Белград
Претставниците на ЕУ и САД Мирослав Лајчак и Габриел Ескобар во дводневна посета на Белград. Целта на мисијата е спречување на нова ескалација на тензиите на северот на Косово...

Претставниците на ЕУ и САД Мирослав Лајчак и Габриел Ескобар во дводневна посета на Белград. Целта на мисијата е спречување на нова ескалација на тензиите на северот на Косово.
Дипломатските активности се интензивираа по минатонеделните неуспешни преговори на српскиот претседател Александар Вучиќ и косовскиот премиер Албин Курти во Брисел.
Белград и Приштина не најдоа решение за спорот околу мерките за пререгистрација на српските возила и документи. Косовските медиуми известуваат дека Лајчак и Ескобар побарале вчера од Курти уште тримесечно одложување на спорните мерки.
