Климатски промени

17% од населението на Европа може да остане без вода до 2050 година

25.08.2022 09:56

Светската организација за заштита на природата процени дека 17% од европското население и 13% од неговиот БДП може да се соочи со екстремни ризици поради недостиг од вода до 2050 година...

Светската организација за заштита на природата процени дека 17% од европското население и 13% од неговиот БДП може да се соочи со екстремни ризици поради недостиг од вода до 2050 година.

На четирите најважни реки на Стариот континент веќе се измерени досега невидени ниски нивоа. Дунав, По, Рајна и Висла се од суштинска важност за трговијата, индустријата, земјоделството, но и за снабдувањето на населението со питка вода.

Според процените, сушите ќе бидат закана и во претстојните години.