Детали за акцијата орион

22.11.2013 16:46

Во вчерашната акција Орион се уапсени 5 лица

Во вчерашната акција Орион се уапсени 5 лица на кои денеска им е одреден 30-дневен притвор. Полицијата има докази дека во криминалната група која фалсификувала лични документи се инволиврани уште 6-мина по кои трага. Освен во старата скопска чаршија, акцијата се одвиваше и во Гостивар и во Тетово. Тројца пронаоѓале муштерии, луѓе   кои сакале да дојдат до фалсификувани документи.  За доставување на документите биле одговорни други членови и сопственикот на Туристичката агенција ЕФ БИ АЈ, од каде што документите биле испорачувани преку  брза пошта.

 (Организираната криминална група составена од тринаесет лица, подолг временски период се занимавала со набавување различни странски и домашни документи ,оригинални важечки документи и фалсификувани бланко обрасци, на кои потоа со употреба на соодветна опрема се вршела исправка или се вметнување на  податоци и фотографии од лица „нарачатели“ на фалсификуваните документи, изјави министерката Јанкулоска )

Парите за документите ги земал шефот на бандата, директно на рака или преку брз трансфер . При претресите е  откриено местото каде што се фалсификувале документите , 40 веќе  изработени документи од повеќе држави, како и податоци за 38 лица нарачатели на документите и 9 илјади евра. Најбарани биле пасошите. Акцијата беше спроведана во соработка со германската полиција. Во Хамбург и  во Хале нема приведени, извршени се претреси во 33 објекти и се пронајдени 29 фалсификувани документи и податоци за изготвување нови.

Наташа Гркова Петрушевска