Неколку начини како љубезно да кажете „Не“
17.04.2014 11:51
Да ги задоволите другите, само за да избегнете караница, може да резултира со неправедно претрупување со работа, губење пари и општо искористување, а тајната е во добрата комуникација.
Луѓето кажуваат “да”, а всушност сакаат да кажат “не”, и патат од таканаречена болест на задоволување на другите. Нивната љубезност и угодување на другите, всушност е обрамбен механизам, бидејќи се ужаснуваат од туѓата лутина и конфронтација.
Да ги задоволите другите, само за да избегнете караница, може да резултира со неправедно претрупување со работа, губење пари и општо искористување, а тајната е во добрата комуникација.
Луѓето кажуваат “да”, а всушност сакаат да кажат “не”, и патат од таканаречена болест на задоволување на другите. Нивната љубезност и угодување на другите, всушност е обрамбен механизам, бидејќи се ужаснуваат од туѓата лутина и конфронтација.
Но, таквиот став на работното место лесно води до премореност и незаслужена претрупаност со работа, а во финансиска смисла речиси до непрестаен губиток. Иако не е едноставно да се промениш, секој облик на однесување е научен, па чекор по чекор, лесно е да се научи и друг вид на однесување.
За почеток, сите кои патат од болеста на задоволување на другите мораат да знаат дека не треба да се чувствуаат виновни, истакнуваат психолозите. На пример, ако пријател ви побара да му позајмите голем износ на пари, кажете “со цело срце би, но не позајмувам на пријатели”.
Тој пример функционира, бидејќи, пријателот нема да се чувствува отфрлено и неверно, туку ќе сфати дека вие, само, имате таков став. Кривица не треба да чувствувате бидејќи позајмувањето пари, не само што ви помага да ги зголемите проблемите на финансиско поле, туку и ако пријателот не ви ги врати, може да се промени и природата на вашиот однос.
За да избегнете вакви состојби, најдобро е никогаш да не позајмувате пари на пријатели. Такви ќе ве прифатат, а вие ќе се решите од нелагодноста.
Елегантно избегнете забава
Подалечна роднина и оваа година ве поканила на прослава за некој празник. Десетта година по ред. Јавете и се и кажете и дека ви е жал што нема да дојдете, бидејќи знаете што пропуштате и колку ви било убаво претходните години, но веќе имате договор за тој ден.
Дајте до знаење што точно работите
Шефот ве замолил да го надгледувате новиот вработен, кој последниот пат го видовте со игра во рака. Кажете дека тоа е навистина интересен предлог, но дека моментално сте затрупани со “таа и таа” работа и прашајте го шефот дали сака да ги промените своите приоритети. Не би требало да се чувствувате виновни, кога и онака многу работите.
Подарокот не е подарок ако е обврска
Колега од работа ви бара 1000 денари за роденденски подарок на колега кој не го познавате добро. Кажете дека не го знаете доволно и дека попрво би му честитале роденден во живо. Големи се шансите дека колегата кој тоа го бара од вас, не ни знае колку добро се познавате со другиот.
Добра работа која не е за вас
Ви понудиле унапредување кое не го сакате. Иако ќе добиете поголема плата, тоа вклучува и дополнителни работни часови и поголема одговорност. Љубезно заблагодарете се и кажете дека ви е драго, но од приватни причини не сте во состојба да го прифатите местото. Шефовите тоа ќе го разберат.
Манипулирање со другите
Ве повикале да ја координирате продажбата на колачи на детска приредба. “Знам дека ќе ве разочарам, но одлучив да не волонтирам оваа година, бидејќи мислам дека ќе се чувствувам огорчено. Може ли некој од другите родители, наместо мене?”. Ако кажете “не” тоа ќе ги натера другите (кои никогаш не ни прашале) да кажат “да”.