Македонија

Вечер почнуваат „Струшките вечери на поезијата“

25.08.2022 13:02

Годинашното 61-во издание на Струшките вечери на поезијата ќе биде отворено вечер, со читање на Константиновата Т’га за југ и палење на фестивалскиот оган...

Годинашното 61-во издание на Струшките вечери на поезијата ќе биде отворено вечер, со читање на Константиновата Т’га за југ и палење на фестивалскиот оган.

Според досегашната повеќегодишна практика и соработка на Друштвото на писателите на Македонија и Струшките вечери на поезијата, и годинашниот добитник на наградата „Златен венец“, јапонскиот поет Шунтаро Таникава ќе биде прогласен за почесен член на Друштвото на писатели на Македонија.

Признанието во име на лауреатот ќе го прими неговиот син Кенсаку Таникава. На пладне, во паркот на поезијата, во чест на добитникот на „Златниот венец“ беше засадено дрво.