Македонија

Санирање на штетите од силниот дожд

25.08.2022 13:10

Се санираат штетите од вчерашното силно невреме кое зафати делови од Македонија и донесе поинтензивен пороен дожд, електрични празнења и засилен ветер...

Се санираат штетите од вчерашното силно невреме кое зафати делови од Македонија и донесе поинтензивен пороен дожд, електрични празнења и засилен ветер.

Зафатени беа Тиквешијата и Пелагонија, а подоцна во вечерните часови и делови од скопската котлина.По невремето во Кавадарци до општината пристигнале 50 пријави, а 30 од нив биле за поголеми штети.

Дел од улиците беа блокирани и поради наноси од тампон, но со брза интервенција со четири багери, неколку трактори и камиони на комуналното претпријатие, проблемот бил отстранет. Кавадаречките пожарникари со пумпи испумпувале вода од поплавените објекти.

Поради невремето, синоќа Тетово и околината остана без струја. По интервенцијата на екипите на ЕВН, за кратко дефектот беше саниран.