Јапонија

Директорот на јапонската полиција поднесе оставка поради убиството на Абе

25.08.2022 13:26

Началникот на јапонската национална полиција Итару Накамура даде оставка од функцијата откако призна дека имало пропусти во обезбедувањето на поранешниот премиер Шинзо Абе, кој беше убиен на за време на предизборен митинг...

Началникот на јапонската национална полиција Итару Накамура даде оставка од функцијата откако призна дека имало пропусти во обезбедувањето на поранешниот премиер Шинзо Абе, кој беше убиен на за време на предизборен митинг.

„Решивме да го реорганизираме нашиот тим и да започнеме одново во однос на нашите безбедносни мисии и затоа понудив оставка“, изјави Итару Накамура, началникот на јапонската национална полиција.

Оставката на началникот на полицијата треба да биде прифатена на владината седница в петок. 67-годишниот Абе им подлегна на повредите нанесени со огнено оружје за време на говор на предизборен митинг во Нара, западна Јапонија.