Полицајци загинаа во Бугарија во обид да запрат автобус со мигранти
Автобус удрил во полициско возило кое го бркало откако не запрел на два последователни гранични контролни пункта, при што загинале службениците на редот. Во возилото се превезувале 47 мигранти, меѓу кои и деца...

Двајца полицајци загинаа во сообраќајна несреќа додека се обидувале да запрат автобус кој превезувал илегални мигранти во Бургас. Автобус удрил во полициско возило кое го бркало откако не запрел на два последователни гранични контролни пункта, при што загинале службениците на редот. Во возилото се превезувале 47 мигранти, меѓу кои и деца. Нема повредени патници. Во Бургас в петок ќе биде ден на жалост.
„Во автобусот се превезени 47 мигранти, имаме информации дека се од Сирија. Едно лице е приведено, имаме доказ дека бил дел од транспортниот процес, а трагаме по уште едно лице. Двајцата се сириски државјани со статус – хуманитарна заштита“, изјави Калојан Калојанов, директор на регионалната дирекција на МВР во Бургас.
