Високи цени, празни паричници
Секојдневните поскапувања ги празнат паричниците на граѓаните. Се почесто се купуваат само основните намирници. Оние што ги анкетираше МТВ велат-во услови на енергетска криза, дополнително треба да се штеди...

Поскапувањето ги испразни паричниците на граѓаните. Цените на прехранбените производи се вивнаа до небо, а платите и пензиите останаа ниски. Со по 2 до 3 продукти, граѓаните ја завршуваат обиколката по дуќаните. Во услови на енергетска криза, велат-дополнително треба да се штеди.
Цените во маркетите никогаш не биле повисоки, се жалат граѓаните. Тешко се преживува, лебот е неколку пати поскап, но и другите цени на прехранбените производи се вивнати в небо.
И на пазарите иста слика. Незадоволни пазарџии, зачудени граѓани. Како да го наполнат домашното ќесе и да го истераат месецот.
Владата веќе излезе со сетот мерки за штедење што треба да ја намалат потрошувачката до 15 проценти и кои ќе важат до март следната година. За домаќинствата и компаниите, тие се во вид на препораки, додека за државните институции има конкретни задолженија што ќе мора да ги испочитуваат, а во спротивно ќе следат санкции.
Александра Спировска
