Реакции за суспензијата на Русковска
Не стивнуваат реакциите и коментарите по вчерашната одлука на Советот на јавни обвинители за суспензијата на Русковска. Универзитетскиот професор Буџаковски ова го оценува како втор жолт картон за Обвинителство за гонење организиран криминал и корупција. Црвен следува ако политиката не ги тргне рацете од судството...

Втор жолт картон за најклучното Обвинителство за гонење организиран криминал и корупција и тоа за краток период. Очигледно дека политиката вмешала прсти во сето тоа и доколку не ги тргне рацете од него, ќе следува црвен картон, вели за МТВ универзитетскиот професор по казнено право Стефан Буџаковски. За да се избегне таквата крајно непожелна ситуација ќе биде потребна силна политичка волја, дополнува професорот.
Притисоците за кои зборуваше и обвинителката Русковска час поскоро да станат минато бидејќи и оние кои имаат капацитет за прежешкото столче на првиот човек на ова обвинителство, а постојат такви, нема да може да сторат ништо, уверува професор Буџаковски.
На Русковска жалбата за нејзината суспензија и беше одбиена од Советот на обвинители и таа нема да се врати на работа се до завршување на постапката која треба да заврши најдоцна за 60 дена. Дотогаш ќе ја менува обвинител согласно со распоредот за работа.
Фиљана Кока
