Овоштарите од Преспа на протест, бараат исплата на средствата за штети
Преспанските овоштари денеска одржаа мирен протест на локацијата „Макази“. Најавија дека доколку во следните 48 часа не им бидат исплатени средствата за штетите од 2016-та до 2018-та година ќе одржат преспански марш со механизација до Скопје. Апелираат до надлежните за изработка на 15-годишна стратегија за да правовремено се надминат и останатите проблеми и отворат нови пазари за преспанското јаболко чија годинашна реколта ќе тежи од 100 до 120.000 тони.

Очајните и финансиски исцрпени преспански овоштари велат дека повеќе не можат да чекаат. Доколку до 29-ти месецов на наменската сметка на општина Ресен не легнат средствата за штетите од временските непогоди што ги претрпеа од 2016-та до 2018-та година, а за што е донесена одлука на владина седница мирните протести ќе се радикализираат.
Ова е ургентно, но не и единствено барање, напоменуваат овоштарите. Бараат навремено доставување на зелената нафта и субвенициите бидејќи трошоците драстично се зголемуваат.
Сметаат дека само со научната мисла и одговорните институции треба да направат подолгорочна стратегија која ќе нуди порентабилно производство и отвора нови пазари. Ова второто е и тоа како значајно бидејќи и покрај тоа што 400 до 500 хектари беа зафатени невремето и градот годинешната реколта е со одличен квалитет и ќе тежи од 100 до 120.000 тони јаболка.
Стевче Митревски
