Занаетчиска комора

Во криза не се размислува за даночни реформи

26.08.2022 11:20

Занаетчиската комора на Македонија укажува дека не е време да се размислува за даночни реформи, туку да се бара начин како да им се помогне на компаниите. Нагласуваат дека сета сила мора да се насочи кон сузбивање на сивата економија. Стравуваат од периодот што следи и најтешката зима, бидејќи само за еден месец во канцеларијата во североисточниот регион, пристигнале дури десет барања за затворање на компании...

Во економска криза, не е време да се размислува за даночни реформи, велат од Занаетчиската комора на Македонија. Заедно со останатите комори веќе ги предупредиле надлежните дека зголемувањето на даноците ќе придонесе кон дополнително затворање на компаниите, кои и така веќе подолг период се во криза. Претседателот на комората Фазлиј, посочува во пресрет на најтешката зима, сета сила треба да се насочи кон сузбивање на сивата економија, за да им се помогне на претпријатијата.

Моментално во нашата регионална занаетчиска комора чекаат 10 барања за затворање на своите бизниси уште сега, а ние стравуваме дека тоа ќе биде огромна бројка каде што нема да можат да го издржат овој товар. Електричната енергија го задава задниот удар на формалната економија и стравуваме дека после нова година ќе биде намален бројот на нашите членки-вели Агрон Фазлиј, претседател на Занаетчиска комора на Македонија.

Од Занаетчиската комора укажуваат дека не се против реформи. Барањето е да не се прават во ваква криза. Дополнуваат дека законот за недела неработен ден, предизвика голема штета кај занаетчиите, но и дополнително ја поттикна сивата економија.

Придонесе овие дејности 50 проценти од нив да заминат во сива економија. Сега законот е во собраниска постапка ги чекаме пратениците да се вратат од одмори за да го изгласаат законот да може овие дејности да работат, но многу време изгубивме во летниот период и овој закон зададе тежок удар-дополни тој.

Комората од лани укажува на проблемите коишто ги поттикнува овој закон. Неодамна реагираа и наши средства завршуваат во соседните земји, бидејќи граѓаните во недела заминуваат за Србија и Косово, каде што добиваат различни услуги.

Елена Георгиевска