Отворена Велигденската изложба на учениците од средното уметничко училиште „Лазар Личеноски“
Вчера беше отворена Велигденската изложба на учениците од средното уметничко училиште „Лазар Личеноски“. Изложбата е поставена во фоајето на Музејот на Македонската борба во Скопје.
На оваа изложба посветена на најголемиот христијански празник-Велигден, учениците се претставија со насликани порцелански јајца, со резбани гипсани јајца, икони, слики, графики, фотографии, скулптури, рељефи...
На изложбата се претставени и дела создадени во рамките на соработката со Музејот на Македонската борба. Изложбата ќе биде отворена до 24.04.2014 година.