Македонија

Вработените во МВР можат да го користат здравственото осигурување

25.08.2022 15:05

Оттаму велат дека за сите вработени во Министерството за внатрешни работи редовно се уплаќаат придонесите во законски утврдените рокови, но вчера настана проблем поради пријавување на лице за кое ретроактивно се уплатени придонеси за социјално осигурување...

Решен е проблемот кој се појави во Фондот за здравство и сите вработени во МВР можат да го користат здравственото осигурување, информираат од Министерството за внатрешни работи.

Оттаму велат дека за сите вработени во Министерството за внатрешни работи редовно се уплаќаат придонесите во законски утврдените рокови, но вчера настана проблем поради пријавување на лице за кое ретроактивно се уплатени придонеси за социјално осигурување, а кое било вратено на работа со судска пресуда откако претходно му бил прекинат работниот однос.

МВР веднаш презеде мерки за решавање на проблемот и во координација со Фондот за здравство и УЈП проблемот е надминат.