313 нови случаи со Ковид-19, починати седум лица
Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 339.240, бројот на оздравени пациенти е 327.354, на починати е 9.468, а бројот на активни случаи изнесува 2.418.

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа направени се 972 тестови, а регистриран е 313 нов случај на Ковид-19: Скопје – 154, Битола – 35, Куманово – 18, Кавадарци – 16, Прилеп – 14, Гевгелија – 10, Охрид и Крива Паланка – по 7, Велес , Штип и Кочани – по 6, Струмица – 5, Струга и Делчево – по 4, Гостивар – 3, Кичево, Неготино, Ресен, Кратово , Богданци и Демир Хисар – по 2, Тетово, Радовиш, Берово , Виница , Крушево и Пехчево – по 1.
Од вкупниот број на позитивни (313), регистрирани се 79 реинфекции. Регистрирани сe 364 оздравени пациенти.
Во текот на изминатите 24 часа пријавени се 2 починати лица од Скопје (85г и 83г). Лицата се починати во болнички услови. Согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза Ковид-19 од Мој Термин регистрирани се 5 починати лица, од Битола (84г), Валандово (71г), Кратово (68г), Охрид (73г) и Скопје (88г). Две лица се починати во болнички услови и три лица се починати во домашни услови. Починати се во период од 06.08. до 23.08.2022 година.
Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 339.240, бројот на оздравени пациенти е 327.354, на починати е 9.468, а бројот на активни случаи изнесува 2.418.
Досега во земјата се направени вкупно 2.146.647 тестирања на Ковид-19.
