Се намалува бројот на заболени од грип
Во овој период не е регистриран ниту еден смртен случај поврзан со инфекција на вирусот на грип. Вкупниот број починати оваа сезона останува 12...

Според последните податоци на Институтот за јавно здравје вкупно 223 лица со грип и заболувања слични на грип се пријавиле последнава недела, од 7-ми до 13-ти април, што е намалување за 24,9 % во однос на претходната и 53,4 % во споредба со 15-тата недела минатата сезона.
Во овој период не е регистриран ниту еден смртен случај поврзан со инфекција на вирусот на грип. Вкупниот број починати оваа сезона останува 12.
Во сезоната 2013/2014, заклучно со минатата недела, вкупниот број заболени од грип во Македонија изнесува 28.748 што е за 16,6 % повеќе во однос на истиот период лани и за 59,6 % во однос на просекот за 10-годишниот период.
Најмногу болни се на возраст од 15-64 години, 65,1 %, а најголем морбидитет 238,2/10.000 е регистриран кај децата до 4-годишна возраст.
