Украина

Зеленски: За влакно избегната нуклеарна катастрофа

26.08.2022 09:57

Украинскиот претседател Володимир Зеленски рече дека светот за влакно избегнал катастрофа со радијација, бидејќи струјата на украинската нуклеарна централа Запорожје била прекината со часови поради руското гранатирање во областа, што Москва го негираше...

Украинскиот претседател Володимир Зеленски рече дека светот за влакно избегнал катастрофа со радијација, бидејќи струјата на украинската нуклеарна централа Запорожје била прекината со часови поради руското гранатирање во областа, што Москва го негираше.

„Линијата за враќање на електричната енергија на станицата во украинскиот електроенергетски систем беше оштетена од руското гранатирање. Дизел генераторите беа веднаш активирани за да обезбедат енергија на самата станица, за да ја поддржат по исклучувањето. Светот мора да разбере каква закана е ова. Русија ги доведе Украина и сите европејци во ситуација на чекор од катастрофа со радијација“, Володимир Зеленски, претседател на Украина.

Украинската државна нуклеарна компанија „Енергоатом“ соопшти дека тоа е прво целосно затемнување на централата. Централата повторно има струја откако во текот на вчерашниот ден двапати била исклучена од мрежата. Службеник назначен од Русија во окупираниот град Енерходар во близина на централата, пак, ги обвини украинските вооружени сили за шумскиот пожар во близина на централата. Рече дека градовите во областа биле без струја неколку часа.