Србија
Вучиќ: Се надевам на компромис со Приштина
26.08.2022 09:58
Претседателот на Србија Вучиќ, се надева на компромисно решение во преговорите со Приштина во наредните денови...

Претседателот на Србија Вучиќ, се надева на компромисно решение во преговорите со Приштина во наредните денови. Рече дека за прашањата како што се регистрациските таблички и некои крупни прашања не може да се постигне договор. Истакна дека ќе ги продолжат разговорите за кои се надева дека ќе доведат до компромисно решение.
Специјалниот претставник на САД за Балканот Габриел Ескобар изјави дека состанокот со претседателот на Србија Александар Вучиќ бил тежок и долг, по разговорот со него и специјалниот претставник на ЕУ за дијалогот на Белград и Приштина Мирослав Лајчак.
